×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дишеме отров четири пати повеќе и осум пати подолго од дозволенето

    31.10.2018 10:58 | KumanovoNews

     Просечното годишно загадување на воздухот во Македонија со ПМ10 честички во минатите десет години е од два до четири и пол пати повисоко од граничните вредности пропишани со Директивата на ЕУ за квалитет на воздухот, кои од 1 јануари 2015 година се задолжителни за сите земји-членки.

    Дишеме отров четири пати повеќе и осум пати подолго од дозволенето

     ЕУ веќе почна постапка против неколку членки кои ги надминуваат граничните вредности, пренесува Мета.мк.

    Бугарија, соочена со тоа, тукушто воведе санкции за градоначалниците кои нема да се справат со загадениот воздух, но и за домаќинствата кои ќе го загадуваат воздухот со несоодветен материјал за греење. Според измените во бугарскиот Закон за чистотата на атмосферскиот воздух, градоначалниците имаат една година за да го намалат загадувањето во својата општина, а во спротивно се соочуваат со казна од 2.500 до 5.000 евра.

    Македонија не подлежи на санкции од Европската Унија.

    Покрај тоа што е позагаден, загадувањето на воздухот во Македонија трае многу подолго во текот на годината од максималниот дозволен број денови, покажуваат податоците на Министерството за животна средина.

    Од 2005 година, кога е поставена мрежата за мониторинг на квалитетот на амбиенталниот воздух, инаку донација, граничната вредност на загадување била надминувана и до 280 дена – осум пати подолго од дозволените 35 дена.

    Просечната измерена годишна вредност на ПМ10 честички, пак, била и до 173 микрограми на метар кубен, 4,5 пати од граничната вредност од 40 микрограми на метар кубен.

    Но, податоците не се целосни, затоа што дел од мерните станици не ги мерат постојано сите параметри.