×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДПСМ ги застапува правата на жителите на Старо Нагоричане

    12.05.2010 15:04 | KumanovoNews

     Од општината Старо Нагоричане со соопштение експресно реагираа на обвинувањата на Српската напредна странка дека советниците на ДПСМ гласале против предлогот за воведување на српскиот јазик во Општината.

    ДПСМ ги застапува правата на жителите на Старо Нагоричане

     Сакаме да Ве известиме дека предлогот за воведување на српскиот јазик за втор службен јазик во Општина Старо Нагоричане не беше поднесен од СНС, туку од советници кои се претставуваат како членови на СНС. Овие советници се претставуваат во секоја политичка партија во која има интерес.

    Градоначалникот на Општина Старо Нагоричане е задолжен за Законско работење на Советот и советниците, како и на Општината и општинската администрација, а за кумување, како што се вели во текстот може само на свадба.

        Коалицијата за подобра Македонија и ДПСМ секогаш биле и ќе бидат за остварување на сите права на граѓаните на Република Македонија, а особено на жителите на Општина Старо Нагоричане- се вели во соопштението од локалната самоуправа.