×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Два случаи на врсничко насилство во Куманово

    01.11.2019 13:24 | KumanovoNews

    Во два одвоени случаи, во текот на вчерашниот ден, малолетници нападнале свои врсници во близина на средно училиште во Куманово.

    Два случаи на врсничко насилство во Куманово

    Како што соопштува СВР Куманово, на 31.10.2019 било пријавено дека околу 16.30 часот, во дворно место во средно училиште во Куманово 16-годишник, 17-годишник и Ш.Р.(18) со употреба на тврд предмет физички нападнале друг малолетник.

    Насилниците во присуство на нивните родители, биле повикани на разговор во просториите на СВР Куманово, а по комплетно документирање на случајот против нив ќе следи соодветен поднесок.

    Во вториот случај, на 31.10.2019 во СВР Куманово било пријавено дека во близина на средно училиште во Куманово, тројца малолетници физички го нападнале М.А (18).

    Малолетниците биле  повикани на разговор во просториите на СВР Куманово, во присуство на родители, а по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.