×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Голем интерес за предметите од проектот „Традиција низ слики“

    12.09.2019 18:46 | KumanovoNews

    Над 125 уникатни предмети во витраж техника, пред се слики во различни големини, вазни, здели и други предмети од стакло, можеа да купат посетителите на денешната продажна изложба,  што ја организираше Колото на српските сестри од Куманово, на завршната манифестација на проектот „Традиција низ слики“.

    Голем интерес за предметите од проектот „Традиција низ слики“

    Предметите ги изработија 11 жени и 4 мажи, кои во изминатите 8 месеци ја изучуваа ова техника, а средствата ќе бидат наменети токму за нив, за да продолжат да творат во домашни услови.

    „Презадоволна сум од реализацијата на проектот и многу сум среќна поради големиот интерес за продажниот базар. Продадовме голем дел од предметите, кои се уникатни и секој е приказна за себе. Жените кои се вклучија во проектот беа многу упорни и трудољубиви, со желба да научат нешто ново. Сликањето на стакло е една посебна техника, која тие успешно ја совладаа и ќе можат да ја применат во нивното понатамошно работење. Тие сликаа стари предмети од едно подзаборавено време, кои ќе ги красат домовите на нашите сограѓани и еден начин ќе ги сочуваат од заборав“, - изјави Живка Христовска, координатор на проектот.

    Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, смета дека малите проекти создаваат големи дела, а потврда за тоа е и денешната манифестација.

    „Навистина ми е чест што во нашиот град има луѓе со таков талент, да создаваат уникатни предмети кои ќе ги красат полиците на нашите пријателски градови на Балканот и во светот. Со ова може да се потикне младиот и посветeн човек повеќе да создава и да твори. Не треба големи средства за да се создаде големо дело, а вие денеска го постигнавте тоа, - изјави Димитриевски.

    Проектот „Традиција низ слики“ е во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен балкан, која е финсирана од Европската унија, а се спроведува од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

    Претставничката на УНДП Ива Колозова потврди дека проектот е успешно завршен и ги исполнил очекувањата на донаторите.

    „И ние сведочиме за ентузијазмот и креативноста со која се изработуваа сите овие предмети. Посебно ни е драго што преку овој проект барем делумно го остваривме приоритетот на Општина Куманово за зачувување на традицијата“, - изјави Колозова.

    Проектот се реализира во соработка со партнерските здружениjа  „Мајка“, „Сирма“ и „Виор“.

     Инаку оваа програма на УНДП се спроведува вкупно во 6 земји од регионот.