×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Голема матерјална штета предизвика излизгувањето на товарниот воз

    02.07.2019 11:48 | KumanovoNews

     Причинета е голема материјална штета од излизгувањето на вагоните од товарниот воз кој сообраќал на релација Скопје – Куманово, информира „Македонски железници – Инфраструктура“.

    Голема матерјална штета предизвика излизгувањето на товарниот воз

    „Според комисијата која е на терен од утринските часови, направена е голема материјална штета на инфраструктурните постројки, пругата, колосеците, електричните столбови, сигнализација, контактна мрежа и оптички кабел. Висината на вкупната штета од овој немил настан, според  Комисијата која води истрага за утврдување на причините за несреќата, ќе се знаат по завршување на истрагата“, - велат од МЖ-Инфраструктура.

    Од претпријатието ги демантираат информациите дека железничкиот сообраќај во овој дел на пругата ќе биде во прекин 10 дена.

    Екипите на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија се мобилизирани и работат вагоните да се тргнат од пруга, и од моментот кога истите ќе бидат тргнати од пруга, за 24 часа ќе ја ставиме во функција оваа железничка линија, се наведува во соопштението.

    Вагоните од товарниот воз се излизгаа утринава околу два часот. Во несреќата нема повредени лица.