×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Искористување на природните ресурси за развој на туризмот

    29.10.2010 09:41 | KumanovoNews

    Природните реткости и ресурси и нивната разнообразност, со која изобилува Североисточниот регион, треба да бидат искористени за привлекување на туристи, што ќе придонесе за целокупниот развој на ова неразвиено подрачје, беше кажано на работилницата во општина Липково, организирана во рамките на проектот „Создавање на предуслови за основа за развој на туризмот во Североисточниот плански регион„.

    Искористување на природните ресурси за развој на туризмот

     Природните реткости се само еден сегмент од стратегијата за развој на Североисточното подрачје преку туризмот, која ја подготвува Центарот за развој на Североисточниот плански регион. На работилницата присуствуваа претставници од 6-те општини од регионот- Куманово, Крива Паланка, Липково, Старо Нагоричане, Кратово и Ранковце.

    Ивица Милевски, професор на Институтот по географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје ги презентираше бројните природни реткости и ресурси, кои е потребно да се идентиофикуваат,  анимираат и да станат атрактивни за да можат да се понудат организирани и интегрирани  туристички услуги.

    Природните потенцијали на овој регион се уште се недоволно познати, а кај населението треба да се создаде свест за бенефитите и можностите кои ги нудат . Но, за тоа треба да се обезбеди комплетна туристичка понуда со пропратни содржини, рече Милевски.   

    Проектот за развој на туризмот во регионот го поздрави и градоначалникот на Липково Садула Дураку.   

    Ова е перспективен проект за регионот, а нашиот мултиетнички карактер и различните култури кажуваат дека имаме висока свест земјата  да ја изградиме заедно и заеднички да ги решаваме проблемите. Ќе му покажеме на светот дека  се разбираме,  можеме да правиме добри дела и сакаме да живееме заедно, истакна Дураку.