×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изборниот штаб на СДСМ претворен во магацин на ланч бар, обвини ВМРО-ДПМНЕ

    08.08.2018 12:07 | KumanovoNews

    Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, обвини дека деловниот простор кој се наоѓа во зградата на поранешниот Комитет, а кој на последните локални избори беше штаб за градоначалникот Максим Димитриевски, е претворен во магацин за потребите на ланч-бар кој се наоѓа во истата зградa.

    Изборниот штаб на СДСМ претворен во магацин на ланч бар, обвини ВМРО-ДПМНЕ

    „Просториите на штабот, лоциран на влезот на зградата, сеуште се брендирани со пропаганден партиски материјал за градоначалникот Димитриевски и неговата СДСМ. Поради тоа, ВМРО-ДПМНЕ Куманово, а во интерес на вистината и на барање на нашите сограѓани, прашува:

    1. Дали градоначалникот Максим Димитриевски најавата за ставање во ред во работата на локалите во градот ја практицира со давање дозвола за узурпација на општински имот на ланч бар, во кој како еден од сопствениците фигурира негов близок роднина ?

    2. Го прашуваме претседателот на општинската организација на СДСМ во Куманово, Мартин Костовски на кој начин просторот во зградата на поранешниот Комитет беше доделена за партиски штаб ?

    3. Доколку просториите, на којзнае каков начин се во сопственост на СДСМ, го прашуваме претседателот Костовски дали партијата има склучено договор за наем на деловниот простор со сопствениците на ланч барот ? Доколку таков договор постои, уредно архивски зеведен и со сите платени давачки кој државата, бараме да се достави на увид на јавноста, заради транспарентност на овој случај.

    4. На крај, ги прашуваме членовите на СДСМ во Куманово, дали тие, доколку се покаже за вистина, се согласуваат во овие “игранки” што ги прават нивните раководни лица на партијата во Куманово, дали за ова се бореа со политичките противници, - праша портпаролот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Милан Давидовиќ.

    Тој додаде дека граѓаните на Куманово имаат право да добијат одговор на овие прашања, особено ако се земат во предвид заложбите на градоначалникот Максим Димитриевски за време на изборната кампања, во која помеѓу останатото вети и ставање ред во работењето на угостителските објекти.