500x100-1
12. 10. 2018 10:18

Изложба на дела од ликовната колонија „Куманово 2018“ во меморијалниот центар АСНОМ

Изложба на дела од ликовната колонија „Куманово 2018“ во меморијалниот центар АСНОМ

Во Меморијалниот Центар на АСНОМ во село Пелинце, вечерва во 19 часот, ќе биде отворена изложба на дела од ликовната колонија „Куманово 2018“.

Пред жителите на селото Пелинце и околните села ќе бидат изложени повеќе од 25 ликовни дела – слики, работени во различни ликовни техники, кои оваа година во месец август, на тој простор, ги создадоа ликовните уметници-учесници на ликовната колонија „Куманово 2018 “.

- Интенцијата ја зокружува идејата на самата манифестација за дисперзирање на културните содржини во локална, рурална средина како и нивна деконцентрација од градските средини.Проектот во наредниот период  ќе  продолжи со проекција на етно-документарен филм(филмови), од архивата на НУ Музеј Куманово која ќе се оддржи во ООУ Х. Тодоровски Карпош, во с. Драгоманце, - вели Дејан Ѓорѓиевски, НУ Музеј-Куманово.

Изложбата е под покровителство на Министерството за култура и манифестацијата “Нов културен бран 2018“. Се реализира во соработка на ЛАГ АБЕР 2015 (здружение на граѓани од Куманово) и НУ Музеј од Куманово, како дел од проектот насловен како „Враќање дома“.