×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на Тони Чатлески

    14.04.2010 09:09 | KumanovoNews
    Утревечер во 20 часот во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ ќе биде отворена изложбата на слики на академскиот сликар Тони Чатлески од Прилеп.

    Изложба на Тони Чатлески

    Пред кумановската публика ќе биде претставена 31 слика работена во техниката масло на платно.

    Изложбата се реализира во соработка со Националната установа Центар за култура “Марко Цепенков“ - Прилеп.

     Авторот, Тони Чатлески (42)  завршил Факултет за ликовни уметности во Скопје - отсек сликарство. Досега има реализирано преку 10 самостојни изложби како и учество во дваесетина групни ликовни изложби, проекти и ликовни колонии.

    Изложбата е отворена  до 29 април.