×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Камион со 80 мигранти излетал од патот во близина на Железничката станица во Куманово

    17.09.2019 11:53 | KumanovoNews

    Камион со скопски регистарски таблички, во кој се превезувале осумдесетина мигранти, синоќа паднал во канал покрај патот на улицата „Железничка“, кај гаражите на поранешен Југ- Турист, каде се изведуваат градежни работи.

    Камион со 80 мигранти излетал од патот во близина на Железничката станица во Куманово

    Според полицијата се започнала околу 23 часот, на автопатот Куманово–Табановце, кога полициски службеници дале знак за запирање на товарно моторно возило „ДАФ“ со скопски регистарски ознаки со полуприколка. Наместо да застане возилото продолжило со движење. Набргу потоа, било пријавено дека на ул.„Железничка“, пред с.Черкезе, возилото излетало од патот.

    При преглед на возилото биле пронајдени 81 лице – мигранти од Авганистан, Индија, Бангладеш и Пакистан. Мигрантите биле привремено сместени во Транзитниот центар Табановце.

    Се работи на расчистување на случајот.