×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Книги и подароци за учениците во училиштата „Вук Караџиќ“ и „Браќа Рибар“

    07.02.2019 09:22 | KumanovoNews

    Учениците од основните училишта „Вук Караџиќ“ и „Браќа Рибар“ во Табановце, кои учествуваа на литературниот конкурс по повод празникот „Свети Сава“ добија подароци и книги од директорот на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците Милутин Станчиќ, претседателката на Коло на српските сестри Живка Христовска и раководителот на Секторот за образование во Општина Куманово Жика Крстевски.

    Книги и подароци за учениците во училиштата „Вук Караџиќ“ и „Браќа Рибар“

    „По 4 ученика од двете училишта добија книги за да им се заблагодариме за вложениот труд и поради интересот да пишуваат за големиот српски просветител Свети Сава, додека за сите ученици кои посетуваат настава на српски јазик во училиштетото Табановце, директорот Станчиќ им подели светосавски пакетчиња. Учениците ни се заблагодарија со пригодна приредба на која го покажаа своето знање на српскиот јазик“, - изјави Христовска.

      Посетата била искористена да се договори натамошна соработка помеѓу директорите на училиштето со институциите и невладините организации. Претсавничките од Коло на српските сестри повеќе преоктни активности, меѓу кои и посета на куклена претстава од Србија за учениците во двете училишта.