500x100-1
09. 08. 2010 18:03

Колонијата „Карпино“ ќе го заживее запуштениот манастир

Колонијата „Карпино“ ќе го заживее запуштениот манастир

По осми пат денеска свечено беше отворена традиционалната ликовната колонија Карпино на која ќе учествуваат 13 ликовни уметници од Македонија, Бугарија и Србија.

Верувам дека и оваа година ќе имаме добра продукција и дека уметниците ќе бидат мотивирани од прекрасната природа во тој регион и од манастирот Св.Богородица изграден во периодот од 14 до 16 век во близина на селото Сув Ора. Сите дела изработени на колонијата традиционално ќе ги презентираме во рамките на изложбата која ќе ја  реализираме во ноември, а потоа делата ќе ги претставиме и низ неколку градови во Македонија - рече Зоран Павловски, претседател на Мултимедијалното здружение Карпино.

Колонијата е подржана од локалната самоуправа и е дел од културната манифестација Кумановско културно лето.

Ние од локалната самоуправа несебично го подржуваме одржувањето на колонијата,и со тоа праќаме дирекна порака до сите чинители во општествениот живот, а пред се до државната власт, но и до црковната, да посветат поголемно внимание за заживување на овој манастирски комплекс. Со тоа ќе се афирмира овој дел од Македонија и ќе се сочува и популаризира културно-историското богатство што го имаме. Мислам дека оваа колонија е храбар чекор, насочен во тој правец и се надевам дека преку творењето на уметниците ќе допреме до јавноста - рече Оливер Спасовски, секретар во Општината Куманово, кој ја отвори ликовната колонија „Крпино 2010“.

Учесниците пред отварањто на колонијата беа на прием во локалната самоуправа,а ја посетија галеријата на икони во црквата „Св.Никола“ во Куманово. Во наредните 5 дена ќе творат во недопрената природа во „Карпино“, а  планирано е да го посетат комлексот Етно Село, меморијалниот центар Пелинце и Црквата Св.Ѓорѓи во Старо Нагоричане.

Организатор на манифестацијата е Мулти-медијалниот центар Карпино со цел да се анимнира јавноста за зачувување, реставрирање и обновување на овој манастир како и афирмирање на североисточниот дел на Македонија.

Колонијата „Карпино“ ќе го заживее запуштениот манастир