×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривични пријави против тројца вработени во „Водостопанство“

    09.05.2019 06:47 | KumanovoNews

    Директорот на „Водостопанство Кумановско- липковско поле“, Оливер Илиевски, до Основното јавно обвинителство во Куманово, поднесе кривични пријави против тројца вработени Ф.Ф. С.Ѓ. и С.Л., под сомнение дека во 2016 и 2017 година фалсификувале потписи и отуѓувале потрошен матерјал од фирмата.

    Кривични пријави против тројца вработени во „Водостопанство“

    Поднесени се кривични пријави за: злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба и овластување, измама во служба, фалсификување на исправа, проневера на служба, несоветно работење, фалсификување и уништување на деловни книги, фалсификување на исправа и употреба на исправа со невистинита содржина.

    „Оваа група изготвила лажни документи за прием на стоки и матерјали во магацинот на „Водостопансво“, со фалсификувани потписи на магационерот. Потоа истата група изготвила лажни документи за испратница од магацин со фалсификувани потписи на магационер и на сите вработени. Истите стоки никогаш не пристигнале во магацините на „Водостопанство“. Вработените потврдија дека потписите им се фалсификувани и никогаш не примиле такви матерјали“, - изјави директорот Илиевски на прес-конференцијата пред Обвинителството.

    Тој додаде дека вработените злоупотребувале ХТЗ опрема, песок, цемент, шибер, спојки, нафта и друг потрошен матерјал, кои чини милионски суми.  Илиевски тврди дека тоа е само еден дел од индициите за извршен криминал во претпријатието што го направило предходното раководство на „Водостопанство- Кумановско-липковско поле“.

    „Време е да се дознае зошто во изминатиот период толку многу е уценувано за пари јавното претпријатие „Водовод“, каде завршувале парите на граѓаните, а завршувале во нечии џебови“, изјави Илиевски.

     По поднесувањето на кривичната пријава до Водостопанство, полицијата ќе го испитува случајот за наводите во пријавата од директорот.