×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци протестираа против загадувањето на воздухот

    17.11.2018 12:55 | KumanovoNews

    Стотина кумановци излегоа на денешниот протест проти енормното загадување на воздухот во градот, што го организираше граѓанската иницијатива „Искочи за чист ваздух!, преку социјалните мрежи.

    Кумановци протестираа против загадувањето на воздухот

     Го инициравме овој простест бидејќи загадувањето на воздухот во Куманово е голем проблем. 14 дена имавме проблем кој беше игнориран од институциите кои се наделжни за негово решавање. Константно секоја година се соочуваме со проблемот на изненадување. Мериките кои ги ореземаат надлежните институции не даваат резултати, - изјави Милош Стаменковиќ , организатор на протестот.

    Тој вели дека според некои анализи, енормното загадување во градот започнало откако е воведен еднонасочен сообраќај во градот.

    Една од првите мерки кои можат да ги преземат надлежните институции е промена на сообраќајниот режим. Имаме голема гужва, долго кружење по улиците, нерешен паркинг и многу други проблеми кои го успоруваат движењето на возилата, - додава Стаменковиќ.

    Од протестот беше побарана промена на сообраќајниот режим во градот,  ограничување на пристапот на возила во централното градско подрачје, зголемен инспекциски надзор и примена на законските прописи за заштитата на животната средина, контрола на индустриските загадувачи и компании кои согоруваат гума, пластика, кожа, лепила и др. Исто така апелираа до несовените граѓани да не палат смет и гуми и дополнително да го загадуваат воздухот.

    Барањата ќе бидат предадени на градоначалникот, а протестите ќе продолжат доколку не се преземе нешто за надминување на проблемот.

    Поради проблемите со загадувањето Советот на Општина Куманаво вчера одржа трибина на која присуствуваа експерти за заштита на животната средина и надлежните институции во градот, при што беа лоцирани проблемите за загадување на водухот.  Како препорака беше побарано да се формира Совет за заштита на животната средина составен од стручни лица, кој ќе функционира во текот на целата година и долгорочно ќе работи на решавање на проблемите.

    Општина Куманово поради големата загаденост на возухот од почетокот на неделата започна со методата на аеросолизација и миење на улиците во ноќните часови, зајакнати конторли на терен за казнување на загадувачите и засади 150 садници во две населби.