×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановското семејство “испрало“ 4 милиони евра

    13.03.2014 14:34 | KumanovoNews

    Уапсените во вчерашната акција “Калабрија“ “испрале“ 4 милиони евра.

    Кумановското семејство “испрало“ 4 милиони евра

    Полицијата поднесе кривични пријави против: Ф.А.(43) Р.А.(24), А.А. (23), Љ.А.(42) Н.А.(21), Х.А.(44), А.А.(39), Б.А.(20), Н.А.(46), В.А.(23) Б.А. (22), С.А.(35) и Е.А.(32) сите од Куманово како и против неколку правни лица. Тие се осомничени дека како организирана криминална група, фамилијарно и хиерархиски структурирана, сториле “злосторничко здружување“, “изнуда“, “лихварство“, “недозволена трговија со дрога и пуштање  во промет психотропни сусптанции и прекурзори“ и “перење пари“.

    Групата ја предводел Ф.А.(43) од Куманово и во периодот од 2004 до 2014 година незаконски стекнале имотна корист со трговија на дрога во Македонија и Швајцарија, лихварство и изнуди, а парите ги пуштале во оптек преку сопствени сметки, сметки на фирми во нивно владение и купувале имот во Косово.

    До Основно Јавно Обвинителстсво за гоненење на организиран криминал и корупција поднесена е кривична пријава против првоосомничениот и неговите четири брата, две сопруги кои биле вклучени во криминалната група и шест синови кои исто така биле дел од злосторничкото здружение.

    Поднесени се пријави и против правните лица ДПТУ Калабрија Ферат ДООЕЛ Куманово, Калабрија Кафе пицерија Куманово, Калабрија Хотел Куманово, ДПТУ Петрол Калабрија Куманово, ДТПУ Аризона Компани ДООЕЛ Куманово, Млечен ресторант Куманово, ДТПУ Хотел Рома ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, Петрол Рома Куманово, Рома еден Куманово, Рома два Куманово, сите од Куманово за сторено кривично дело “перење пари“.

    Утврдено е дека криминалната група го поседува комплекс - Калабрија, лоциран во с.Романовце, составен од семејна куќа, печатница, пекара и базен (1.405 м2), повеќе стамбени и деловни простории во вкупна површина од 2.553 м2, пет куќи, земјиште во државна и приватна сопственост во вкупна површина од 49.890 м2.

    Во текот на вчерашниот ден во операцијата „Калабрија“ во која учествуваа над 350 полициски службеници, на подрачјето на Куманово од слобода беа лишени 13 лица, а претреси се извршени во вкупно 26 објекти.

    Претреси се извршени кај пет нотари и две книговодствени бироа за кои постојат сомневања дека преку нив се заведувале купопродажните договори и се водело сметководството на правни лица во владение на криминалната група.

    Од извршените претреси кај сите лица пронајдени се 30.000 евра, нотеси за лихварска евиденција, купопродажни договори за движен и недвижен имот, нотарски акти, возила, компјутери, оружје, муниција, телефони и др.