×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Македонија слави 27 години независност

    08.09.2018 08:09 | KumanovoNews

     Република Македонија денеска го слави Денот на независноста. На 8 септември 1991 година беше спроведен референдум на кој 95 отсто од граѓаните се изјаснија за самостојна и суверена држава.

    Македонија слави 27 години независност

    Претходно Собранието на Република Македонија на 25 јануари 1991 година со акламација ја донесе Декларацијата за независност.

    Во изминатите 27 години Македонија мина низ многу турболентен период, ембарго, тешка економска состојба, политички кризи, постојаните блокади од Грција поради проблемот со името, а најкритична беше 2001 година кога земјата се соочи со внатрешен конфликт.

    Сега земјата и граѓаните е исправени пред нов предизвика. На 30 септември ќе се одржи референдум на кој граѓаните ќе треба да се изјаснат дали се за смена на името во Северна Република Македонија, заради влез во НАТО и ЕУ.

    По повод Денот на независноста на Република Македонија денеска на Споменикот жена борец во центарот на Куманово, свежо цвеќе ќе положат делегации на Општина Куманово, политички партии, невладини организации и граѓани.