×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Младите бараат позначајно место во општеството

    15.08.2018 14:39 | KumanovoNews

    Повеќе културни и спортски манифестации, прифаќање на идеи и поголема едукација на младите, препознавање и вложување во талентираните ученици, како и локален економски развој и заштита на животната средина, се само дел од предлозите на младите кумановци до локалната и централната власт заради подобрување на цевкупниот живот во земјата. 

    Младите бараат позначајно место во општеството

    Ова денеска беше кажано на работилницата што ја организираше „Тв Плус“, како дел од проектот „Развој на општествена одговорност“, на која учествуваа млади од 17 до 20 години.

      - Младите се една од најнезадоволната група на граѓани, тие најмногу се жалат дека немаат ниту можност, ниту средства, ниту услови каде да ги исполнат своите активности и права. Се надевам дека нивните насоки и идеи ќе ги поттикнат надлежните во локалната самоуправа да преземат конкретни мерки, за да се подобрат условита за живот на младите, -изјави Драган Ивановски, менаџер на проектот „Развој на општествена одговорност“.

    Предлозите ќе бидат доставени до надлежните во Општина Куманово, бидејќи проектот има за цел да ги поттикне граѓаните да бидат проактивни и да ја следат работата на локалната самоуправа, а на тој начин да дадат идеи за надминување на проблемите. Покрај младите во пректот се опфатени и медиумите, невладините организации и јавната администрација.

    Проектот се реализира со финансиска поддршка од Фондацијата отворено општество Македонија.