×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Насилно влегол во депото на „Куманово-паркинг“ и си го земал мерцедесот што му однел „пајак“

    30.10.2019 19:20 | KumanovoNews

    Скопјанец насилно ја отворил капијата на депото на  ЈП „Куманово-паркинг“ за да си го земе возилото што му го подигнала Пајак службата.

    Насилно влегол во депото на „Куманово-паркинг“ и си го земал мерцедесот што му однел „пајак“

    Според СВР Куманово, на 29.10.2019 година полициски службеници од ПС од ОН Куманово од слобода го лишиле Б.Ј.(35) од Скопје, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „самовластие“.

    Истиот ден, од страна на вработена во депо на ЈП Куманово паркинг - Пајак било пријавено дека на 28.10.2019 година околу 21.10 часот, додека била на работа, од страна на Пајак службата било донесено патничко моторно возило „мерцедес“, со скопски регистерски ознаки, кое останало во дворот во 22.00 часот, кога вработената ги затворила депото и металната капија.

    Според пријавеното, околу 23.10 часот, сопственикот на возилото насилно ја отворил главната капија и го одзел возилото. По целосно документирање на случајот, против Б.Ј. ќе биде поднесен соодветен поднесок.