500x100-1
20. 04. 2010 13:48

„Не играј си Англичани„ ја освои публиката

„Не играј си Англичани„ ја освои публиката

 Претставата „Не играј на Англичани„ работена по современиот текст на српскиот автор Владимир Ѓорѓевиќ во режија на Кирил Петрески во изведба на актерската тројка Димитрија Доксевски, Ивица Димитријевиќ и Зоран Иваноски одлично е примена од кумановкста публика.

 Иако, навидум се чини дека станува збор за едноставна тема, прествата нуди одговри на важни прашања и остава простор за подлабоко размислување-вели актерот Димитријевиќ.

Приказната во претставата ја раскажуваат тројца другари кои се знаат од детството и се дружат 20 години. Спортското кладење е само параван зад кој се кријат аномалиите на привидното пријателство на искривените морални вредности со кои се соочува младиот човек во оваа време на Балканот.

Подолг период се договараме за подготовка на овој проект и еве на наше задоволство го адаптираме текстот и се надевам успешно го донесовме на сцена. За ова е потврда и на публиката која цело време не следеше со внимание и реагираше на вистинските места -вели  Димитријевиќ.

 Наредната претстава е закажана на 3-мај.

„Не играј си Англичани„ ја освои публиката