×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нема пари од Министерството за култура за Денови на комедија

    09.02.2019 08:55 | KumanovoNews

     Меѓународниот фестивал Денови на комедија остана без финансиска поддршка од Министерството за култура.

    Нема пари од Министерството за култура за Денови на комедија

    Во буџетот на програмата за 2019 година нема предвидено ни денар за негово оддржување.  Информацијата предизвика бурни реакции кај граѓаните. Сите ја осудија одлуката и бараат нејзино повлекување и нова распределба на средствата.

    - Очекуваме дека ќе има измени во донесените одлуки, надевајќи се дека е направен случаен превид. Во секој случај ќе вложиме максимални напори и нема да дозволиме да згаснат Денови на комедија што како кумановски бренд ќе остане и ќе стане уште попрепознатлив со текот на годините, - напиша на Фејсбук директорот Сашо Тодоровски.

    Фестивалот Денови на комедија се одржува 21 година по ред и претставува една од најзначајните културни настани во градот. Традиционално од 1 до 15 октомври во Центарот за култура „Трајко Прокпиев“ се играат помеѓу 10 и 14 претстави од земјава и регионот, и на секој фестивал се бара карта повеќе.