500x100-1
12. 02. 2010 15:56

„Никола Тесла“ ќе добие тротоари

„Никола Тесла“ ќе добие тротоари

Улицата „Никола Тесла“ наскоро ќе добие тротоари по целата должина. Се поставуваат бекатон плочи, а градежните работи ќе бидат завршени на пролет. Проектот чини околу 12 милиони  денари издвоени од буџетот на Локалната Самоуправа. Истовремено ќе се асфалтира и патот кој води до земјодеслкото училиште во должина од 650 метри.

Завршена е тендерската документација за двата проекти. Овие градежни работи се дел од Програмата на локалнта самоупрва за реконструкција на улиците во центарлот дел на градот и приградските населби. Реконструкцијата на мостот кој води до добиточниот пазар е влезена во програмата за реализација и за еден месец ќе биде распишан тендер, по што овој дел на градот ќе добие урбана слика- вели Момчило Јовановски.


„Никола Тесла“ ќе добие тротоари