×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нов систем за наплата во ЈП „Куманово-паркинг“

    21.05.2018 11:37 | KumanovoNews

    Новиот број за смс пораки  е 144-144, а  новина е што треба да се впише бројот на подзоната во која паркирате пред регистерската таблица

    Нов систем за наплата во ЈП „Куманово-паркинг“

     ЈП „Куманово- паркинг“ од денеска воведува нов систем на наплата за паркирањето во градот. Сменет е бројот за смс пораки,  а досегашната зона во централното градско подрачје ќе биде поделено на 6 подзони.

    „Се менува начинот на плаќање и бројот на зонско паркирање во Општина Куманово. Новина се подзоните. Имаме сега 6 подзони од КА1 до КА6. Новиот број е 144-144 “, - објасни Мартин Михајловски, раководител на сектор јавни паркиралишта во ЈП „Куманово-паркинг“.

    Првата подзона А1 ги опфаќа паркинг местата на ул. Моша пијаде, СУМА и УЈП, во втората А2 зона спаѓаат локациите Скопски дуќани, ул. Ленинова и Пионерска, А3 на ул. 11 Октомври, А4 е паркингот кај Кристал и Уред, А5 на ул. Илинденска, Трст, Кирил и Методиј-прв дел од паркингот, А6- ул. Народна Револуција, Центар за култура, и ул. Кирил и Методија втор дел.

    Цената за еден час паркирање останува иста 30 денари плус 5 денари за смс.

    Денеска низ градот се поставуваат информативни табли за новиот начин на плаќање на паркирање. Од претпријатието велат дека додека целосно се воспостави системот ќе има толеранција за граѓаните.

    Новиот систем за зонско паркирање ќе го работи фирма од Скопје.