×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Објавен оглас за давање под кирија на парастос салата и објектот на Градскиот кеј

    18.07.2018 08:43 | KumanovoNews

     Општина Куманово распиша оглас за издавање под закуп на парастос салата на Градските гробишта и деловниот објект на Градскиот кеј во Куманово.

    Објавен оглас за давање под кирија на парастос салата и објектот на Градскиот кеј

    Деловен објект сопственост на ЈП „Чистота и зеленило“ на Градските гробишта Куманово- просторија за парастоси е со површина од 209 метри квадратни, а почетната цена за надавање ќе изнесува 69.433 денари за месечен закуп.

    Деловен објект сопственост на Општина Куманово, на ул. „Октомвриска револуција“- Градски кеј е со површина од 179 метри квадрати, а ќе се издава со почетна цена од 30.772 денари.  

    Двата деловни објекти се издаваат на користење од пет години.

    Огласот за давање под закуп на недвижна ствар по пат на електронско јавно наддавање е објавен вчера, а ќе трае заклучно со ден 29.07.2018 година, до кога тече рокот за доставување на пријави за учество.

    Електронското јавно наддавање ќе се одржи на ден 01.08.2018 година со почеток во 10.15 часот. Право на учество имаат сите заинтересирани домашни и странски, физички и правни лица.

    ЈП „Чистота и зеленило“ ја издава парсатос салата по закуп затоа што не имаше проблеми во работењето поради долгите тендерски набавки, кој се согласно законот, додека угостителскиот објект на Градскиот кеј подолго време беше затворен и на последната седница беше вратен на Општина Куманово, која сега бара нов закупувач.