×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Обука за транспарентност на општините

    29.11.2010 09:07 | KumanovoNews

     Обуката за претставниците од Североисточниот регион ќе се одржи утре со почеток во 10.00 часот, во кружната сала во зградата на поранешниот Комитет.

    Обука за транспарентност на општините

     Форум-Центарот за стратегиски истражувања и документација во рамките на спроведувањето на проектот „Транспарентноста на единиците на локална самоуправа и нивната отчетност пред граѓаните“ организира обуки со претставниците на локалната самоуправа и невладиниот сектор кои ќе се одржат во сите 8 плански региони. Обуката за претставниците од Североисточниот регион ќе се одржи утре со почеток во 10.00 часот, во кружната сала во зградата на поранешниот Комитет.

    На работилницата ќе бидат претставени првичните резултати од истражувањето, а ќе се дадат информации за законските норми, европските искуства и македонските искуства со транспарентноста на единиците на локалната самоуправа и нивната отчетност пред граѓаните.

    Резултатите од истражувањето ќе ги презентираат извршниот директор на Форум-ЦСИД Слаѓан Пенев и истражувачот Александар Писарев, а обуката ќе ја одржи експертот за локална самоуправа Зоран Јачев.