×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од Вашингтон до Трамп - изложени графики на сите претседатели на САД во Куманово

    02.07.2019 10:37 | KumanovoNews

    По повод одбележувањето на 500 години Куманово, а во чест на големиот празник на американскиот народ 4 јули, синоќа во Занатскиот дом во Куманово, беше отворена изложбата на графики од ликовниот уметник Борче Тодоровски од Прилеп, насловена „Портрети на американските претседатели“.

    Од Вашингтон до Трамп - изложени графики на сите претседатели на САД во Куманово

    Авторот Тодоровски, како ликовен уметник и графичар, во 1991 година ги изработил првите македонски банкноти за државата.

    Изложени се 45 портрети на сите американски претседатели, кои за првпат се претставуваат пред пошироката јавност.

    Почнувајќи од првиот претседател Џорџ Вашингтон, па сѐ до последниот Доналд Трамп, авторот портретите ги изработил за две години, според фотографии кои ги наоѓал на интернет, слики од весници и книги.

    „Најтешки за изработка ми беа првите. Кога почнав да ги цртам, ме фати страв дали ќе ги направам добро. Немав намера да ги работам сите, но откако ги нацртав првите три-четири портрети ми стана интересно и секој нареден портрет ми беше нов предизвик. Работев интензивно и на крај ги нацртав сите 45. Ме инспирираше нивната демократија. Ја имам проучено многу нивната историја, ги проучував нивните животи, борбата на овие светски лидери и сосема спонтано се роди идејата“, вели Тодоровски.

    Тој посакува еден ден портретите да ги види пошироката македонска и американска јавност.

    Изложбата ја отвори градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој истакна дека е голема честа да се биде домаќин на една ваква изложба, по повод празникот на нашите пријатели – американскиот народ.

    „Имав можност пред три години да се запознаам со Борче Тодоровски и да видам дел од неговиот труд, меѓу кои и овие прекрасни портрети. Се надевам дека ова што вечерва го гледаме ќе поттикне многу млади луѓе да создаваат и творат во неговиот стил, - изјави Димитриевски.

    Изложбата е во рамките на одбележувањето на програмата 500 години Куманово, заради успешната соработка помеѓу Општина Куманово и Амбасадата на САД и другите владини и невладини организации од САД со претставништво во Македонија.

    На изложбата имаше и претставници од Американската амбасада во Скопје.