500x100-1
22. 08. 2019 22:40

Оливер Спасовски потпретседател на СДСМ

Оливер Спасовски потпретседател на СДСМ

 На Централниот одбор на СДСМ вечерва беа именувани и нови потпретседатели на партијата.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски и пратеникот Мухамед Зекири, кои беа разрешени во мај, повторно се избрани, додека нови имиња се експертот за односи со јавност Коста Петров и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Лидерот Зоран Заев до Собранието ќе достави листа за неколку нови решенија во Владата, односно за нов министер за финансии ја предлага Нина Ангеловска, основач на Групер и двајца заменици, за економија, Кирил Колемишевски и за образование Елизабета Наумовска.