×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Опозицијата бара претседателот на Советот да го почитува Деловникот

    21.01.2011 11:18 | KumanovoNews

     Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ го обвини претседателот на Советот дека го крши Деловникот за работа, и при водењето на седниците ја злоупотребува својата позиција и ги коментира  дискусиите на опозицијата.

    Опозицијата бара претседателот на Советот да го почитува Деловникот

    Тие сметаат дека однесувањето на првиот советник меѓу еднаквите, на последната седница ја прелеало чашата на некоректно однесување и биле принудени да реагираат остро.

    Реагиравме на повредите на Деловникот при водењето на седниците, затоа што претседателот на Советот свесно реплицира, дофрлува и упатува забелешки на дискусиите на советниците од опозицијата кога сака и колку сака, а при тоа не го губи правото на збор, реплика или контра реплика. Кога го изгласавме Деловникот, мислевме дека ќе се внесе демократија, ред и дисциплина во нашето работење, функционирањето на Советот и тоа ќе важи подеднакво за сите. Но, очигледни се привилегиите за советниците на мнозинството, првенствено во давање збор кога имаме советнички прашања - вели Бобан Николовски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

    Претседателот на Советот Виктор Цветковски не гледа кршење на Деловникот и смета дека по 1,5 година од функционирањето на Советот првпат отворено е прозван за начинот на кој ги води советничките седници.

    Апсолутно не ги прифаќам забелешките затоа што ние работиме согласно одлуките кои што ги имаме донесено, вклучувајќи го и Деловникот. На последната седница расправавме за битни точки, како што беше Буџетот и на таа расправа имаше и политички дискусии за работата на локалната, но и на централната власт. Тоа бараше од моја страна реакции, и нормално опозицијата не беше задоволна. Во недостатотк на аргументи се повикаа на лошо водење на седницата. Тоа е нивна проценка со која јас не се согласувам, но не им го земам за зло, бидејќи по седницата дел од нив дојдоа да се извинат и ми рекоа да не ја сваќам работата лично- вели Цветковски.

    Советниците од опозицијата му замераат на претседателот на Советот и поради тоа што не го штител нивниот дигнитет, и не барал од градоначалникот да одговара на писмените прашања на советниците поставени пред повеќе од година и пол.