×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Организирал игри на среќа без лиценца во Оризаре

    18.07.2018 14:23 | KumanovoNews

    Кумановец организирал игра на среќа без да поседува лиценца во липковското село Оризаре.

    Организирал игри на среќа без лиценца во Оризаре

    Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.А.(37) од Черкеско село, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела даночно затајување и приредување на игри на среќа без лиценца од Законот за игрите на среќа и забавните игри и против С.А.(27) од истото село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело помагање, а во врска со приредување на игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган, од Законот за игрите на среќа и  забавните игри.

    На 25.04 2018 година во село Оризаре, Липково, од страна на полициски службеници, при контрола на објект без фирма, сопственост на Ф.Д. бил затекнат пријавениот како приредува забавни и игри на среќа, без да поседува соодветна лиценца, односно дозвола издадена од надлежен орган, со што одбегнал плаќање на надоместок за добивање на лиценца во износ од 6.457.500 денари, и за тој износ го оштетил Буџет на РМ.