500x100-1
15. 12. 2010 15:26

Паушален данок за земјоделците

Паушален данок за земјоделците

 Земјоделците што во текот на годинава оствариле вкупен приход до 1,3 милион денари може да поднесат барање за паушално плаќање на персоналниот данок до УЈП. Земјоделците со поголем приход треба да регистрираат фирма.

 Земјоделците кои се регистрирани треба да поднесат до УЈП барање во за паушално оданочување за остварен приход од земјоделска дејност најдоцна до 31 декември. Оние што не се регистрирани, а сакаат да го остварат паравото за паушално оданочување треба да се пријават дека вршат земјоделска дејност.