×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Планираме „Пивтијада“ да ја организираме на Градскиот плоштад, вели Павловски

    21.01.2019 10:49 | KumanovoNews

    Над 10.000 чинии пивтии за изминатите 18 години, приготвија членовите на мултимедијалното задружение „Карпино“, за гурманска манифестација „Пивтијада“, која секоја година ја организираат по повод големиот христијански празник Богојавление - Водици, во ресторан „Грација“.

    Планираме „Пивтијада“ да ја организираме на Градскиот плоштад, вели Павловски

    Покрај натпреварувачкиот, манифестација има и хуманитерен карактер, па дел од пивтиите завршуваат во кујната на домот за стари лица, центрите за лица со посебни потреби, семејства од ранливите категории и црквата.

    Претседателот на здружението Зоран Павловски, посебно е горд што оваа година го слават полнилетството, а се присеќа како се започнало од обично семејно дружење.

    При една седенка на Водици, секој од нас од дома донесе пивтии, при што почнавме да го оценуваме квалитетот. Така и потекна идејата, а инспирирани од тоа дека секоја куќа во Куманово подготвува пивтии,  веќе наредната година собравме поголем круг на луѓе, па манифестацијата добиваше на квалитет и квантитет. Мора да споменат дека на првиот фестивал на пивтија се вклучија дури 13 невладини организации, - вели Павловски.

    Организаторите жалат што во изминатиот период не успејале манифестацијата да ја изнесат на отворена, да вклучат поголем број на луѓе, но се надеваат дека со помош на Здруженито на угостители и локалната самоуправа веќе наредната година ќе ја реализираат идејата.

    Она што ме води сите 18 години е манифестацијата да излезе во центарот на градот, а најдобро би било да ги споиме нашите зимски специјалитети кумановски мезелк и кумановски суџук, и под заедничко име да направине неколкудневна економско-туристичка манифестеција, која ќе се етаблирала во државата и надвор од неа, - додава Павловски.  

    Оваа година на „Пивтијата“ се натпреваруваа 13 натпреварувачи, а титулата најдобра и највкусна ја понесе пивтијата на домаќинката Бетка Пешевска од селото Старо Нагоричане. И оваа година беше избран кум на манифестацијата, тоа е Здружението на угостители „Бисер“ Куманово. Како и секоја година следуваше богата културно-уметничка програма.