×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пластичните столпчиња не се решение за непрописното паркирање, смета Левица

    26.03.2019 13:19 | KumanovoNews

    Поставувањето на столпчиња нема да го реши проблемот со паркирање на автомобили на пешачки и велосипедски зони, сметаат од политичката партија Левица.

    Пластичните столпчиња не се решение за непрописното паркирање, смета Левица

    Според нив само со радикални и смели решенија градот ќе заличи на урбана целина и ќе се надмине проблемот со недостатокот на паркинг простор, кој произлегува од непланското развивање и градење на градот.

    „Проблемот со паркирањето на тротоар/велосипедска само ја откри трулоста и неодговорноста на „урбанистите“ во Куманово. Овие недостатоци и аномалии е многу тешко сега да се решат, особено нема да се решат со поставување на некакви столпчиња. Потребни се многу порадикални и смели решенија со цел Куманово да почне да заличува на нешто како добро осмислена урбана целина. За почеток би било промена на праксата на издавање на градежни дозволи за секој којшто ќе може да плати, а исто така е потребно и општинските „урбанисти“ и советниците да се повикаат на одговорност за хаосот и катастрофата во којашто го претворија Куманово како град. Односно потрено е да се стави крај на поимањето на изградбата на градот како на чисто профитна дејност, и да почне да се зема во предвид хуманистичкиот аспект, односно да почне да се води сметка за потребите на граѓаните што живеат и работат на Куманово, со цел градот да биде пријатено и убаво место за живеење“,- соопштуваат од  Левица.

    Од партијата додавата дека Општината во минатото (а и сега) без задршка дава одобренија за градба на објекти без притоа да се мисли за обезбедување на соодветен паркинг простор за тие објекти, а уште помалку да се мисли за проширување на самите улици, тротоари и велосипедските патеки во тесните градски зони, напротив зградите се градат до самиот раб на коловозот, без никаква можност за понатамошно ширење на просторот и оставање на можност за поставување на велосипедски патеки и други содржини.

    „Лесно е воочлива разликата помеѓу новоизградените објекти и оние градени пред повеќе од 30 години, на пр. во населбите Гоце Делчев и на бул. Октомвриска револуција постарите станбени згради не само што имаат огромен паркинг простор, туку имаат и пешачки патеки, игралишта и простори за рекреација, за разлика од нив, кај ново изградените станбени објекти, сите овие нешта се занемаруваат, односно се оди максимализација во создавање на станбени квадрати, без да се води сметка за другите потреби на граѓаните како паркинг, рекреација, ширење на градот итн“, - сметаат од Левица.

    „Она што е битно да се истакне е дека планското развивање на градот предвидува обмислување, земање во предвид на потребите на граѓаните и оставање на соодветен просотр за остварување на тие потреби. Може да се каже дека Куманово е сушта спротивност од било што што би се нарекло планско или обмислено градење. Единствениот принцип по кој се гради во Куманово е остварување на максимален профит, а за цена на тоа Куманово е вакво какво што е згуснато и пренатрупано, валкано, без паркови, без велосипедски патеки, со тесни тротоари - на кои најчесто се паркирани возила (за иронијата да биде поголема на бул. „Трета МУБ“ и ул. „Народна Револуција“ и уште неколку места паркирањето на тротоар е легализирано, обележано и се наплаќа, а наводно Општината сакала да ги врати тротоарите на граѓаните)“, - стои во партиското соопштение.