×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Под концесија се издаваат и патиштата во Кумановско

    18.11.2010 07:07 | KumanovoNews

     Првата фаза од тендерот за концесија на патиштата од Коридорот 8 ја поминаа пет конзорциуми, од Израел, Португалија, Франција, Унгарија, Австрија, домашната компанија Гранит, компанија од Грција, Турција и Индија.

    Под концесија се издаваат и патиштата во Кумановско

     Tиe ќе учествуваат во постапката за добивање на концесија за изградба, реконструкција, одржување, наплата на патарини и користење на  овие патните правци.

     Изборот на конзорциумот ќе зависи од концесискиот надомест што треба државата да го добива, како и од субвенциите кои ќе ги бараа компаниите поради недоволната фреквентност на македонските патишта.

    Петте конзорциуми се пласирале за двата пакета, од кои за првиот, предмет на концесија се патните правци Крива Паланка – Романовце, Кочани – Штип, Миладиновце – Штип, како и патната делница Миладиновце - Штип преку Свети Николе. Вкупна должина на првиот пакет изнесува 138 километри. Во првиот пакет се вклучени и патните правци Миладиновце – Скопје – Хиподром и обиколницата околу Скопје со должина од 38 километри. Вториот пакет ги опфаќа патните правци во западниот дел на земјата.

    Вкупната должина на проектот е 380 километри пат низ државата кои треба да биде финализиран кон средината на следната година.

    Патиштата ќе бидат под концесија 35 години,а концесионерите ќе имаат осум години за изградба на патиштата, се очекува изградбата на патиштата концесионерите да ги чини над милијарда евра.