×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Подароци за учениците во Старо Нагоричане

    26.12.2018 12:29 | KumanovoNews

    По повод новогодишните и божиќни празници, Обединетата српска заедница од Куманово, подели пакети со топла облека и обувки за учениците во основното училиште Светозар Марковиќ и Интернатот во селото Драгоманце, Општина Старо Нагоричане.

    Подароци за учениците во Старо Нагоричане

    Обединетата српска заедница од Куманово сакаше да им ги разубави празниците на дечињата од руралните средини, а пред се од планинските сека, на кои во овој период од годината им особено неопходна топла облека и соодветни обувки. Со помош на нашите членови и пријатели, ги обезбедивме подароците. Целата акција се одвиваше во координација со градоначалничката Жаклина Јовановска и директорките на улилиштата. Нашата активност нема да застане тука, ние и во наредниот период ќе помагаме на социјално ранливите категории семјства, кои не можат да се снајдат најдобро во ова брзо и турбулентно време, - изјави Часлав Јовановиќ, претседател на здружението.

    Учениците од основното училиште Христијан Тодоровски Карпош, добија новогодишни пакетчиња и елка од Lions Club Куманово.