Мени

Експлозија на плинска боца предизвика пожар во стан на „Тоде Думба“

04.11.2026 12:21 | KumanovoNews

Од експлозија на плинска боца избувнал пожар во стан на улицата „Тоде Думба“ во Куманово. Во инцидентот нема повредени лица, но причинета е материјална штета.

Експлозија на плинска боца предизвика пожар во стан на „Тоде Думба“

Според информациите од СВР Куманово, вчера во 14:35 часот било пријавено дека во стан на улицата „Тоде Думба“, сопственост на В.Ѓ. (75), дошло до експлозија на плинска боца.

„Притоа биле оштетени прозорците и дел од покуќнината. Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема“, соопшти полицијата.

Територијалната противпожарна единица Куманово интервенирала до 15:30 часот со едно противпожарно возило и пет пожарникари.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Куманово.

(фото.архива Кумановоњуз)