Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
За трeтина е зголемен бројот на пациенти во Ургентен центар Куманово, кои бараат помош заради задобиени повреди, по пад на снег или лед.
Хирурзите велат дека последните петнесетина дена имаат полни раце работа, на почеток на годината со повредени во сообраќајни несреќи, а откако падна снегот најмногу со скршеници.
Во просек примаме 100 пациенти дневно од кои 80 се со повреда од пад. За 30 отсто е зголеме бројот на пациенти со фрактури. Се работи за голем број на повреди, но релативно полесни. Најзасегната е популацијата од 60 до 70 години, но има и помлади. Имаме најразни повредување, паѓаат дома додека чистат снег, на улица, на тротоар, нема правило, - вели Радомир Гелевски, шеф на хируршкиот оддел во Општа болница Куманово.
Полесно повредените се лекуваат во Општата болница Куманово, а потешките случаи се препраќаат на клиниките во Скопје. Додека вчера бевме во Ургентинот центар за половина час дојдоа три лица со скршеници. Две повозрасни жени и едно момче.
Граѓаните се жалат дека се исчистени само тротоарите и улиците во тесното градско подрачје, додека во поширокиот регион се е заледено, поради што тешко се движат. Иако болницата е на само на неколку стотина метри од Општината, сите тротоари се заледени и неисчистени од снег.