Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Една премиера на албански јазик и три претстави на македонски јазик ќе се најдат на репертоарот на Кумановскиот театар до крајот на месецот јануари.
Како што објавија од Министерството за култура на 16 и на 18 јануари на сцената на Театарот во Куманово со почеток во 20 часот е премиерата и репризата на претставата „Ограбувачи“ во изведба на секцијата на албанска драма.
На 24 и 25 јануари пак во 20 часот на репертоарот на Кумановскиот театар се комедиите „Бегај еве ја жена ти 2...“ во режија на Коле Ангеловски и „На погрешно место во погрешно време“ во режија на Мирослав Петковиќ, а на 31 јануари е драмата „Хај фај“ од Горан Стефановски, во режија на Јани Бојаџи.