Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дел од службите на општинската администрација од денеска се преселни во нови канцеларии во зградата на Катастарот. Општината ги доби овие простории од Министретвото за финансии, откако ги отстапи просториите во судската зграда на Министретвото за правда.
Станува збор за 13 канцеларии каде ќе работат 40 службеници од локалната администрација. Се работи за три сектори од локалната самоуправа и тоа Сектор за правни работи и двата ново формирани Сектор за култура и Сектор за меѓународна соработка, односно евроинтеграции. Со ова граѓаните ќе добијат поквалитетна услуга и подобра комуникација со локалната самоуправа- рече градоначалникот Зоран Дамјановски.
За реализација на овој проект се потрошени 3,5 милиони денари, средства од буџетот на Општината.На отварањето присуствуваа пратеници од Собранието, советници, директори на јавни установи, образовни институции и граѓани.
Градоначалникот во оваа прилика најави дека во 2011 година ќе се работи на проектот за изградба на нова зграда на локална самоуправа на местото викано „Чаробенско ќоше“.
И.И.