×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

    08.07.2019 05:49 | KumanovoNews

    Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне, претежно во северните и западните делови, ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе биде 9.

    Претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

    Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 32 Целзиусови степени, Маврово 25, Охрид 31, Битола 34, Кавадарци 35, Крива Паланка 28, Берово 29, Дојран 27 степени.

    И во вторник се уште ќе биде топло, а во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во северните и западните делови. Под влијание на влажна, посвежа и нестабилна воздушна маса во среда ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, а пообилни врнежи се очекуваат кон крајот на денот. Ќе дува засилен западен, а доцна попладне северозападен ветер, што ќе услови значително намалување на температурата. Од четврток времето ќе биде стабилно, но посвежо.