×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Продавал железнички шини и делови од котлара од поранешна „Кожара“

    28.10.2019 09:25 | KumanovoNews

    Кумановската полиција поднесе кривична пријава против В.С.(68) и  „Кожара Менд“  од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела „тешка кражба“ и „лажно пријавување“.

    Продавал железнички шини и делови од котлара од поранешна „Кожара“

     Н.И.(44), Н.З.(45), ДТТУ „Еуро – Бос – Ком“ од Студеничани и ДВНПГМ „Манта Беќир” од Куманово, добија пријава поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „прикривање“.

    Првопријавениот, како овластено лице во пријавеното правно лице „Кожара Менд“, противправно демонтирал и присвоил метални делови од котлара и мазутара од поранешната КПК Куманово, кои со план за распределба на имот на должник биле дадени на една банка и агенција за обезбедување, и 215 метри железничка пруга со се прагови, сопственост на РСМ. Подоцна, со договор за купопродажба на отпадно железо 8340 килограми продал на правно лице од Скопје, 22.000 килограми продал на пријавеното правно лице „Манта Беќир“ ДООЕЛ Куманово, додека 7820 килограми продал на пријавеното правно лице „Еуро Бос –Ком“.

    После тоа, Н.И. и Н.З. за сметка на пријавените правни лица „Манта Беќир“ ДООЕЛ Куманово и „Еуро Бос –Ком“ ангажирале работници за сечење и демонтажа на железничката пругаи силос и котлара. На тој начин В.С. и „Кожара Менд“ се стекнале со противправна имотна корист од 616.800 денари. Исто така, на 01.08.2019, првопријавениот за сметка на „Кожара Менд“ ангажирал лице за сечење и демонтажа на останатиот дел од пругата, но по пријава на агенцијата за обезбедување биле затекнати и спречени во намерата. Освен тоа што се стекнале со противправна имотна корист, В.С. и ДПСПУТУ „Кожара Менд“ причиниле штета на Буџетот на Р.С. Македонија до 347.000 денари.