Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Завршната манифестација - продажен базар, на проектот „Традиција низ слики“, кој го реализира Колото на српските сестри од Куманово, во соработка со партнерските здружениjа „Мајка“, „Сирма“ и „Виор“, ќе се одржи во четврток од 14 до 18 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
„На базарот ќе бидат изложени уникатни предмети во витраж техника, кои ги изработија учесниците во проектот. Изложбата е од продажен карактер и затоа ги повикуваме нашите сограѓани да ја посетат. Средствата ќе бидат наменети за луѓето кои ја завршија обуката, за да продолжат да творат во домашни услови, - изјави Живка Христовска, координатор на проектот „Традицијата низ слики“.
Проектот „Традиција низ слики“ се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во западен балкан, која е финсисрана од Европската унија, а се спроведува од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).