×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Продолжува проектот „Заедно за развој на општина Куманово„

    18.11.2010 15:04 | KumanovoNews

     Децентрализацијата како дел од Охрискиот рамковен договор беше темата на втората по ред тркалзена маса што ги реализира ромската невладина организација ДРОМ, како дел од проектот „Заедно за развој на општина Куманово“.

    Продолжува проектот „Заедно за развој на општина Куманово„

     Проектот е дел од програмата на Обединети Нациии “Подобрување на меѓуеничкиот дијалог и соработка помеѓу заедниците“ и со него се опфатени три града во државата Куманово, Струга и Кичево. Денешната тркалезна ја следеа претставниците од невладиниот сектор, од институциите , локалната самоупрва и граѓани од Општината.

    Целта на овие тркалезни маси е да се зголеми информираноста на населението за Охрисдкиот рамковен договор, а во проектот се вклучени градовите со мешан етнички состав каде согласно рамковниот договор треба да се реализраат одредени одредби и да се имплементираат во пракса. На првата трибина говореше унивезитетскиот професор Мерсел Биљали, кој директно учестуваше во изготвувањето на овој документ, а денеска изглагачи се претставниците од локалната самоуправа. Последната трибина ќе се одржи во почетокот на декември на која тема ќе биде принципот на недискриминација и правичната застапеност - рече Ахмет Јашаровски претседател на невладината организација ДРОМ.

        Излагачи на втората трибина беа Оливер Спасовски секретар во Општина Куманово и претседателот на Советот Виктор Цветкосвки, кој говреше за правните аспекти од Охридскиот рамковен договорна локално ниво.

    Охридскиот рамковен договор обврзува повеќе чинители во неговото имплементирање, а дел од обврските со Законот за локална самоупрва се пренесени и на Општините.Согласно законската рамка беше обезбедување и на финасиски средства , за имплементација на проектите , а тука спаѓа и реализацијата на дел од обврските кои произлегуваат со договорот. Ние како Локална самоупрва Куманово со досегашните чекори кои ги превзедовме и реализираме слободно можеме да кажеме дека сме пример за град со одлична мулти-етничка клима во државата-рече Цветковски.

    Партнери во реализацијата на проектот на ДРОМ се невладините организации Информативен центар на заедниците од Куманово и СОС-Куманово. Инаку присутните на денешната трибина имаа можност да поставуваат прашања и да изнесат свои видувања на темата.