×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Салата за парастоси на градските гробишта ќе се издава под кирија

    02.07.2018 06:54 | KumanovoNews

    Парастос салата на градските гробишта, со која стопанисува ЈП “Чистота и зеленило“, ќе се издава под концесија.

    Салата за парастоси на градските гробишта ќе се издава под кирија

    Одлуката веќе поминала на управниот одбор на претпријатието, а во среда предлогот ќе се најде на дневен ред пред советниците.

    Директорот Даниел Стојчевски, вели дека основна причина поради која сакаат да ја издадат парастос салата е  остварувањето на поголем профит.

    „Не можеме да стопанисуваме со парастос салата затоа што не сме конкурентни. Ние сите набавки, според закон, мора да ги спроведеме преку тендер, поради што ни треба многу време и имаме проблеми во работењето. Поголем профит ќе оставриме ако ја издаваме отколку да стопанисуваме со салата“, - изјави Стојчевски.

    Директорот тврди дека постапката за избор на концесионер ќе биде транспарентана и ќе се изведе електронски, при што ќе се избере најдобриот понудувач. Почетна цена на аукцијата ќе биде над 1,3 милиони денари на годишно ниво.

    Салата до пред неколку години ја работеше приватник, но по завршување на договорот ја презема претпријатието.