×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се поправа кровот на библиотеката

    14.09.2010 14:36 | KumanovoNews

     Се реновира кровот на библиотката „Тане Геориевски„. По минатогодишното внатрешно уредување на просториите значително се подобрени функционалноста и условите за работа.

    Се поправа кровот на библиотеката

    Во тек е санацијата на кровната конструкција и одвод на атмосферските води. Ова реконструкција подолго време беше планирана, но еве сега се отвори можност вистински да се реализира.Покривот на библиотеката е многу стар, искривен и руиниран. Немаме ни олуци со што кога ќе заврне се соочуваме со низа непријатности. Се надевам дека за неколку дена ќе бидат санирани овие недостатоци, а кумановчани ќе имаат можност конечно да добијат современа библиотека каква што заслужуват и по естетскиот изглед и по својата функционалност - рече Нада Ивановска директорка на библиотеката.

    Оваа инвестиција ја обезбедила Локалната самоуправа, преку блок дотациите наменети за културата,кои се и планирани во годишниот финасиски план за 2010 година, а ќе чини околу 300 илјади денари.