×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се реализира проектот за социјална инклузија преку социјалните мрежи

    18.05.2018 08:52 | KumanovoNews

     Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија во соработка организацијата „Линда“ од Куманово, го имплементира проектот „Социјална инклузија преку социјални мрежи помеѓу граѓанските организации и социјалното претприемништво“.

    Се реализира проектот за социјална инклузија преку социјалните мрежи

    Фокусот е даден на два региона Североисточниот регион и Источниот регион во градовите Куманово, Крива Паланка, Штип и Виница.

     „Целта на проектот е да се даде една поголема енергија, координација и соработка помеѓу граѓанските организации од овие два региона кои работат со лица од ранлива категорија, се со цел за да можеме да ги обучиме и да го надградиме нивниот капацитет со нови иновативни методи, практики, иновативни обуки, како резултат на што ќе можат поефикасно, поефективно и попрофесионално да работат со оваа целна група“, - изјави Димитар Ташевски, директор на Фондација за развој на мали и средни претпријатија во Куманово.

    Преку серија обуки планирано е да се надгради капацитетот на лицата од маргинализираната категорија за да можат многу полесно да дојдат до пазарот на трудот или да отворат сопствен бизнис и да се самовработат.

    „Ќе дадеме се од себе на крај на проектот, дел од овие лица од ранлива категорија директно да ги вработиме во некои органзиации, институции, фондации, фирми со тоа што ќе имаме навистина еден бенефит од импелементацијата на проектот. Како фондација ќе направиме големи напори како и претходните проекти да направиме една успешна приказна со што сите ќе се гордееме“,- додаде Ташевски.

    Проект менаџер Елена Чекорова, вели дека она што е иновативно во овој проект е овозможувањето на граѓанските организации виртуелно да комуницираат и да си даваат поддршка.

    „Вмрежувањето на овие организации ќе оди преку еден интерактивен портал кој што ќе се развие во рамките на проектот, и ќе им нуди на организациите виртуелен простор каде што ќе можат да се разменуваат информации, но исто така ќе нуди и поддршка за зголемување на нивните капацитети за електронско учење“, - објаснува Чекорова.

    Проектот е финансиран од ЕУ и ќе трае 18 месеци.