500x100-1
14. 02. 2010 12:17

Се зголемува семејното насилство во Куманово

Се зголемува семејното насилство во Куманово

Семејното насилство во Општината, лани е зголемено двојно повеќе во однос на предходната година, како и во повеќето градови во државата.



Според податоците на Мистерството за внатрешни работи во 2009 година, на подрачјето на Р Македонија се регистрирани 404 кривични дела извршени при семејно насилство, што претставува зголемување за 7% во однос на 2008 година, кога беа регистрирани 378  вакви кривични дела.

Намалување се бележи на прекршоците помеѓу членови на потесното семејство. На подрачјето на СВР Куманово биле пријавени 147 случаи, (Куманово-127, Крива Паланка-16 и Кратово-четири,) додека лани биле регистрирани 180 прекршоци.

Жртви на сторените прекршоци претежно се жени, а двојно е помал бројот мажи. Според роднинската врска со сторителот, најмногу малтретирани се сопругите, потоа родителите, децата,поранешните брачни другари,сопрузите,лицата во вобрачна заедница, а останатите се застапени во многу помал број.

Во најголем дел извршители на делата семејно насилство се мажи, најчесто психички растроени или лица под дејство на алкохол, а во помал број од случаите и жени.

Според структурата на кривичните дела, најбројни се кривичните дела против животот и телото, при што се регистрирани шест убиства извршени при семејно насилство.Две се на подрачјето Охрид, по едно во Струга, Битола и Тетово.