×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Шест лица повредени во сообраќајка на патот Куманово-Крива Паланка

    17.06.2019 10:45 | KumanovoNews

    Едно лице потешко, а пет полесно се повредени во сообраќајна незгода што се случи вчера во 17.30 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка.

    Шест лица повредени во сообраќајка на патот Куманово-Крива Паланка

    До несреќата дошло при судир на патничко возило „Фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 51-годишниот Ѓ.Ј. од селото Пузаљка, општина Старо Нагоричане и патничко возило „Фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки управувано од 21-годишниот Н.Г. од Куманово.

    Како што информираат од полицијата, во тешката сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди повреди се здобила 20-годишната Ј.И.Н. од селото Пузаљка, сопатничка во првото возило и била пренесена во болницата во Куманово.Исто така од полицијата додаваат дека уште три лица се здобиле со повреди сопатници од двете возила.

    Полицијата излегла на местото на несреќата и направила увид за причините на несреќа.

    Од АМСМ секојдневно апелираат до возачите да возат внимателно  и да ги почитуваат сообраќајните знаци и поставената сиганализација на некои од патиштата низ земјава.