×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Снег од 4 сантиметри го отежна сообраќајот во градот

    09.01.2019 16:14 | KumanovoNews

     Во Општината Куманово  има 4 сантиметри снег, кој паѓа со слаб интензитет, но предизвика проблеми во сообраќајот.

    Снег од 4 сантиметри го отежна сообраќајот во градот

     И покрај тврдењето на Регионаланиот центар за управување со кризи (РЦУК) дека сообраќајот на сите патни правци во Општината се одвива по влажни коловозите во зимски услови, но без проблеми, на терен не е така. Натрпаниот снег го забавува движењето, а возила пролизгуваат поради нерасчистениот снег. 

    Приватните претпријатија за одржување на улиците и патиштата со кои општината има склучено договори се на терен и вршат чистење и солење на улиците во градското подрачје по приоритети определени од градот. Сите регионални  патишта во моментот се проодни, но со назнака за внимателно движење во зимски услови. Пригратските и селата кои го опкружуваат градот во зависност од тоа дали движењето е по регионалните или локалните патни правци претставуваат поголем проблем за чистење и кон нив ќе се пристапи согласно планот на градот во втора фаза. Исто така и сообраќајот на локалните  патни правци се одвива во зимски  услови, но без  проблеми досега, - соопштуваат од РЦУК.

    Во Општина Липково проблем претставуваат патните правци кои гравитираат кон повисоките села: Гошинце, Лукаре, Малино, каде што снежната покривка е помеѓу 50 и 60 см.  

    Во Општина Старо Нагоричане, единствено регионалниот патен правец кон Р.Србија, Пелинце е во можност за движење додека патните правци кои гравитираат кон селата во козјачијата се непрочистени и потешко проодни.