×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Србите од Старо Нагоричaне ја прославија „Свети Сава“

    26.01.2010 15:41 | KumanovoNews

    Со свечена приредба во основното училиште „Светозар Марковиќ“, денеска Србите во Старо Нагоричане го прославија националниот празник и  училишната слава „Свети Сава“.

    Србите од Старо Нагоричaне ја прославија „Свети Сава“

    Учениците подготвија рецитали, читаа поезија и есеи за делото на големиот српски просветител Растко Немањиќ, кој по замонашувањето на Света Гора го земал црковното име Свети Сава. Живеел и творел во 13-тиот век, а неговата основна мисија била ширењето на српското писмо, поради што зазема знајчајно место во српската книжевност, историја и култура.

    - Секоја година го празнуваме овој ден како школска слава. Невообичаено е тоа што сечеме славски колач, бидејќи тоа е стар српски обичај. Приредбата ја подготвија учениците со своите професори, а имавме и гости од останатите училишта каде наставата се изведува на српски јазик - вели Жалина Милинковиќ директорка на училиштето.

    Во името на локалната самоупрва Старо Нагоричане, националниот празник на Србите во Македонија им го честиташе градоначалникот Миодраг Јовановиќ.

    Коло на Српските сестри во соработка со Министереството за дијаспора на Република Србија ги прогласи најдобрите литературни творби од конкурсот за „Свети Сава„ на кој учествуваа учениците од училиштата „Браќа Рибар“ од Табановце, „Светозар Марковиќ“ од Старо Нагоричане, „Вук Караџиќ“ од Куманово и „Кирил И Методиј“ од Кучевиште.

    - Прва година го реализираме конкурсот, со тендеција да продолжиме и наредните години и што повеќе да се чуе за Србите и српскиот јазик на овие простори - вели Живка Христовска.

    Свечената приредба ја збогатија и поетите Миланка Зафирвска и Стојан Арсиќ кои прочитаа поезија посветена на просветителот Свети Сава. Инаку Старо Нагоричане е Општина во која повеќе од половината од жителите се од српската нционалност. Во училиштето „Светозар Марковиќ“ настава посетуваат 100-тина деца од Старо Нагоричане и од околните села.