500x100-1
09. 10. 2019 12:17

Српската претстава „Школо за љубовници“ две вечери на Деновите на комедија

Српската претстава „Школо за љубовници“ две вечери на Деновите на комедија

Српската претстава „Школо за љубовници“, во режија на Бојан Стојчетовиќ, вечерва и утревечер од 20 часот ќе игра во Центарот за култура „Трајко Пркопиев“ во Куманово, на Денови на комедија.

Претставата „Школа за љубовници“ зборува за монотонијата во бракот. Заплетот започнува кога успешен маж и жена ќе се обидат да си ги решат проблемите, а комичната разврска ги доведува до сосема неочекувани пресврти. Дали бракот може да се спаси по периодот на монотонијата е најважното прашање кое го отвора оваа комедија, а можеби истиот одговор ќе го најдете во самата претстава.

„Во оваа школа се учат четири основни лекции. Прва е како да се сочува бракот. Втората е дека мажот никогаш не треба да се игра со женските чувства, затоа што може да настрада. Третата е дека никогаш не треба да се плетка со други жени додека сопругата му е на патот. А четвртата е дека сексуалните односи се многу важни за бракот“, изјавил Милан Васиќ.

Во претставата играат актерите: Милан Васиќ, Јелена Ракочевиќ Цекиќ, Милан Калиниќ, Александра Цуциќ и Бојан Стојчетовиќ.

Поради големиот интерес на кумановската публика, претствата ќе се игра две вечери.