500x100-1
26. 09. 2013 14:12

„Српски вез„ ново културно-уметничко друштво во Куманово

„Српски вез„ ново културно-уметничко друштво во Куманово

„Српски вез„ е новото културно-уметничко друштво во градот што го формираше Српската заедница во Куманово.

На синоќешното оснивачко собрание за претседател на друштвото е избран Горан Стојковиќ, а програмски директор ќе биде Горан Зафировиќ.

Со години наназад работевме на создавање на свое културно-уметничко друштво, но сега се создадоа услови да се формираме една реномирана културна институција која ќе биде гордост не само на Србите во Македонија, туку и пошироко. Тенденција на новото раководство е за неколку години да има резултати и да успеееме да го направиме она што го посакуваме. Живееме во едно многу турбулентно време и ова е една добра можност, не само српската популација, туку воопшто сите млади луѓе да ги упатиме да ги вратат традиционалните вредности. Сите кои сакаат своите деца да ги научат на вистинските семејни и традиционални српски вредности се добредојдени во нашето културно-уметничко друштво Српски вез.  -изјави новиот претседател.

Присутните членови на српската заедница ги поздрави Гордана Стојковска и Весна Бабиќ, а по изборот на работните тела беше претставена и годишната програма на друштвото.  

Новото КУД „Српски вез„ ќе се залага за зачувување на српските традиционални игри и песни, како и пренесувања на српската култура на младата популација во државата и пошироко. 

„Српски вез„ ново културно-уметничко друштво во Куманово